Речник /  Конвертор

data

1.(pl) корпус на податоци
2.мн. од datum
3.податоци
4.компј. податоци. Множина од datum (податок). Се користи паралелно со терминот information (информација, информации) и најчесто упатува на множество од податоци кое можеме да го користиме за разни со компјутер управувани обработки со цел да се добие решение на некој проблем, направи статистичка пресметка и друго.
5.информации; податоци
6.податоци, факти
зборови со слично значење:

data acquisition

1.компј. собирање на податоци. Процес на прибирање на податоци за компјутерска обработка изведен рачно или машински.

data bank

1.банка на податоци
2.банка податоци

data bus

1.компј. магистрала за податоци, податочен бас. Внатрешен канал (најчесто отпечатен на основната плоча) кој му овозможува на процесорот да разменува податоци со РАМ меморијата на компјутерот. Види bus, central processing unit, control bus, random-access memory.

data capture

1.n. comput. внесување податоци (во компјутер)

data collection

1.компј. види data acquisition

data communications

1.компј. размена на податоци. Размена на податоци меѓу два или повеќе компјутери. Може да се врши директно со кабел или преку комуникациски врски какви што се телефонските линии и модемите.

data compression

1.компј. компресирање/компримирање на податоци. Технологија за складирање на податоци со која се врши компресирање на податоците со што се штеди простор на меморискиот медиум. Подоцна, компресираните фајлови можат да се вратат во првобитниот формат. Види file compression utility.

data definition language (DDL)

1.компј. види data description language

data deletion

1.компј. бришење на податоци. Кај програмите за управување со бази на податоци, операција со која се бришат податоци изведена според однапред од корисникот зададени критериуми.

data description language (DDL)

1.компј. јазик за опис на податоци. Јазик специјално наменет за дефинирање на податоци и нивните односи кон други податоци.

data field

1.компј. поле за податоци. Во програмите за управување со бази на податоци, просторот резервиран за складирање на посебни податоци во записот.

data file

1.компј. фајл/датотека со податоци. Фајл каде се сместени податоци добиени во текот на работа со програм. Спореди: program file.

data independence

1.компј. независност на податоци. Кај програмите за управување со бази на податоци, метод. на складирање на податоци кј ви овозможува пристап до нив без да ја знаете нивната местоположба и начинот на кој се организирани и запишани во базата.

data insertion

1.компј. вметнување на податоци. Во програмите за управување со бази на податоци, процес на физичко или логично внесување на нов запис меѓу два постоечки записи. Се разликува од операцијата append (додавање) со која се додаваат нови записи на крај од базата. Види append.

data integrity

1.компј. интегритет на податоци

data interchange format (file) (DIF)

1.компј. формат на фајл/датотека за размена на податоци. Кај програмите за управување со бази на податоци и табеларни пресметки, стандарден формат на фајл кој ви овозможува размена на фајлови меѓу различни програми или различни верзии од еден ист програм.

data manipulation

1.компј. управување со податоци. Кај програмите за управување со бази на податоци, примена на операции за бришење, вметнување, модифицирање, сортирање и редактирање на податоци.

data modification

1.компј. промена на податоци. Во програмите за управување со бази на податоци, операција со која се вршат промени во записите според однапред (од корисникот) утврден критериум.

data preparation

1.n. comput. подготовка на податоци

data processing

1.(машинска) обработка на податоци
2.компј. обработка на податоци. Прибирање, меморирање и подготовка на податоците за обработка и самиот процес на обработка со компјутер.
3.компјутерска обработка на податоци

Data Protection Act

1.n. comput. закон за заштита на податоци во Велика Британија

data rate

1.компј. брзина на пренос на податоци. Брзината со која податоците се пренесуваат во мрежата или друг комуникациски канал. Види bits per second, characters per second.

data redundancy

1.компј. повторување на податоци, редунданса на податоци. Во програмите за управување со бази на податоци, повторување на една иста информација во два или повеќе записи во базата.

data retrieval

1.компј. извлекување/пронаоѓање на податоци Во програмите за управување со бази на податоци, операција на извлекување на податоци од една база според однапред утврден критериум.

data transfer

1.компј. пренос на податоци. Трансфер на податоци меѓу компјутери или меѓу компјутер и неговите периферни уреди. Види peripheral device.

data transfer rate

1.компј. види data rate data throughput види data rate

data type

1.компј. вид на податоци. Кај програмите за управување со бази на податоци, спецификација на видот на податоците што можат да се сместат во дадено поле. Највообичаени видови на податоци се: текстуални, нумерички, логички и датумски.

data-base

1.база на податоци

database

1.компј. база на податоци. Множество од податоци меѓусебно поврзани организирани по однапред дефиниран ред и критериум(и) што, со користење на соодветен софтвер, ни овозможува да извршуваме разни операции (пребарување, сортирање, групирање и др.).
зборови со слично значење:
именки (синоними):

database driver

1.компј. драјвер за бази на податоци. Кај Lotus 1-2-3, драјвер кој му овозможува на програмот да разменува податоци со програмскиот пакет за управување со бази на податоци dВАЅЕ.

database management

1.компј. управување со бази на податоци Види database management program.

database management program

1.компј. програм за управување со бази на податоци. Услужен програм наменет за управување со организацијата на бази на податоци, нивно модифицирање, вметнување, бришење, запишување и заштита. Постојат три општи видови на програми за управување со бази на податоци: хиерархиски (еднофајлови flat-file), релациони (relational) и текстуално ориентирани (text-oriented). Најпознато пакети за управување со бази на податоци се: dBASE, Oracle, Clipper, Microsoft Access, FoxPro, Clarion, DataPerfect и други.

database management programs

1.програми за обработка на бази на податоци

database management system (DBMS)

1.компј. систем за управување со бази на податоци. Види и database management program.

database manager

1.компј. управувач на бази на податоци. 1. Лице одговорно за бази на податоци во институт, организација. 2. Види database management program.

database server

1.компј. сервер за бази на податоци. Во мрежно поврзување, јазол во улога на управувач со базата на податоци.

database structure

1.компј. стурктура на бази на податоци. Структурата на записите со податоци; број на полиња со податоци, список на полиња со податоци, видот на податоци што може да се смести во секое поле, должина на запис и други карактеристики.

datable dateable

1.одредлив (датумски)