Речник /  Конвертор

database

1.компј. база на податоци. Множество од податоци меѓусебно поврзани организирани по однапред дефиниран ред и критериум(и) што, со користење на соодветен софтвер, ни овозможува да извршуваме разни операции (пребарување, сортирање, групирање и др.).
зборови со слично значење:
именки (синоними):

database driver

1.компј. драјвер за бази на податоци. Кај Lotus 1-2-3, драјвер кој му овозможува на програмот да разменува податоци со програмскиот пакет за управување со бази на податоци dВАЅЕ.

database management

1.компј. управување со бази на податоци Види database management program.

database management program

1.компј. програм за управување со бази на податоци. Услужен програм наменет за управување со организацијата на бази на податоци, нивно модифицирање, вметнување, бришење, запишување и заштита. Постојат три општи видови на програми за управување со бази на податоци: хиерархиски (еднофајлови flat-file), релациони (relational) и текстуално ориентирани (text-oriented). Најпознато пакети за управување со бази на податоци се: dBASE, Oracle, Clipper, Microsoft Access, FoxPro, Clarion, DataPerfect и други.

database management programs

1.програми за обработка на бази на податоци

database management system (DBMS)

1.компј. систем за управување со бази на податоци. Види и database management program.

database manager

1.компј. управувач на бази на податоци. 1. Лице одговорно за бази на податоци во институт, организација. 2. Види database management program.

database server

1.компј. сервер за бази на податоци. Во мрежно поврзување, јазол во улога на управувач со базата на податоци.

database structure

1.компј. стурктура на бази на податоци. Структурата на записите со податоци; број на полиња со податоци, список на полиња со податоци, видот на податоци што може да се смести во секое поле, должина на запис и други карактеристики.