Речник /  Конвертор

digit

1.бројка, дигит
2.број, знак
3.прст, број

digital

1.компј. дигитален. Придавката digital е изведена од именката digit (број). Упатува на метод на претставување на податоците со бројки со цел да можат брзо и точно да се обработуваат со компјутер.

digital audio tape

1.n. дигитална аудио лента

digital computer

1.компј. дигитален компјутер. Компјутер чија работа е базирана на бинарниот броен систем. Преносот и процесирањето на информациите се одвива во вид на низи на 1 и 0 битови

digital data storage (DOS)

1.компј. дигитално меморирање на податоци. Спецификации за запишување на податоци базирани на видеокасетна технологија за снимање, а разработени од Hewlett-Packard и Sony. Овозможуваат складирање на 1 до 5 ГБ некомпресирани податоци на 4 милиметарска миникасета.

digital monitor

1.компј. дигитален монитор. Тип на монитор способен да изведе јасни исписи со одличен контраст. Меѓутоа, заостанува зад аналогниот монитор по една витална карактеристика - не може да прикажува исписи со прелевање на бои. Види analogue monitor.

digital recording

1.n. дигитален запис/запишување

digital transmission

1.компј. дигитална трансмисија Пренос на дигитални податоци.

digitalis

1.напрсток

digitize

1.компј. дигитализација. Постапка на трансформирање на аналогии податоци во дигитален формат односно, претворање на пишуван текст, слика или друга графика во со компјутер читлив формат. Тоа се прави со помош на уредот наречен скенер. Види scanner.

digitized table

1.компј. табла за дигитализација Види stylus.

digitizer

1.компј. дигитализатор. Периферен уред за конверзија на графика (слики, цртежи, слајдови и др.) во дигитален формат. Дигитализаторот се влече преку сликата, а со притискање на тастерот се испраќа дигитализиран сигнал во компјутерот кој понатаму или се испишува на екран или се меморира во засебен документ за понатамошна употреба.