1.компј. делење на зборови, хифенација. Кај програмите за обработка на текст и персонално издателство, автоматска, рачна или изборна операција за пренос на дел од збор во почетокот од следниот ред. Бидејќи ниеден програм за обработка на текст не поседува речник што ги опфаќа сите зборови на еден јазик, не ретко се јавуваат и грешки во прекршување и префрлање на зборовите во почетокот на следниот ред. Ваквото пренесување се вика bad break (лош прелом). Види bad break.