Речник /  Конвертор

code page

1.компј. кодна страница. Кај оперативните системи МС-ДОС и ОС/2, табела од знаци што оперативниот систем ги користи за испис на податоци на видеодисплејот. Постојат два вида табели; едната содржи множество од знаци вградени во РОМ меморијата на компјутерот, а другата содржи знаци од други абецеди како на пример, француски, германски, шведски и др. За превклучување меѓу едната и другата табела се користи командата СНСР (change code page).