1.компј. Американски стандарден код за размена на информации Најчесто се употребува акронимот ASCII (се чита 'аски') и претставува најраспространет систем за кодирање на знаци кај персоналните компјутери. Се употребува за трансформирање на дигиталните вредности во букви и цифри разбирливи за корисникот. Аски стандардот дефинира 128 знакови и секој знак има своја бројна вредност од 0 до 127. Овие знакови се погодни за текстуални информации на англиски јазик, но се неадекватни за многу други јазици. Види и extended character set.