1.компј. Виндоус апликација. Кориснички програмски пакет конструиран да работи во околината на услужниот програм - некои го нарекуваат оперативен систем - Мајкрософт виндоус (Microsoft Windows) и да ги користи неговите можности; динамичка размена на податоци меѓу апликациите, plug and play можностите (вклучи и играј си), режим на многузадачна и многупроцесна работа, голем избор на различни фонтови и др. Види multitasking, multithreading, plug and play.