1.компј. адресна магистрала. Електронски канал за пренос на мемориските адреси од РАМ-меморијата до централната процесна единица. Секоја ќелија од меморијата има своја сопствена адреса и адресната магистрала овозможува независен пристап кон секоја ќелија. Секој проводник на адресната магистрала пренесува еден бит од адресата, така што бројот на проводниците ја детерминира меморијата што може директно да се адресира. Види address, bus, central processing unit, random-access memory.