1.компј. автоматски прелом на зборови. Кај програмите за обработка на текст и персонално издателство, изборна команда со која програмот врши автоматски прелом на зборот кога ќе се најде на крај од редот. Зборот што треба да се преломи се бара во посебен речник (hyphenation dictionary - речник за хифенација) и доколку го нема, програмот од вас бара да го потврдите предложеното место за прелом или да зададете друго. За прелом на македонски зборови, за жал досега не постои сигурен и компетентен програм. Засега најсигурно е да користите рачно пренесување на зборови. Види hyphenation.