1.компј. ширина на опсег. Количество на пренесени информации преку канал за комуникација изразена со циклуси во секунда (херци Hz) или битови во секунда (bps). Претставува разлика меѓу најголемата и најмалата фреквенција што ги пропушта каналот за комуникација.