1.компј. зависност од компјутери. Болест што зема се поголеми размери. Се манифестира со прекумерно и честопати бескорисно трошење часови и часови покрај компјутерот со единствена цел - да се запознаат сите можности на компјутерот, да се инсталираат што поголем број програми и да се научат нивните можности. Иако целото свое време го поминуваат со компјутерот и ги запоставуваат сите други работи во животот, зависниците од компјутери, многу ретко го користат компјутерот како алатка за извршување на конкретни задачи.