1.компј. проектирање со помош на компјутер. Примена на компјутер со соодветен софтвер за изработка на проекти и разни технички цртежи во архитектурата, градежништвото, машинството, електрониката и други области. Софтверот нуди можност проектите и нацртите да се прикажуваат во три димензии, во најразлични размери и бои, да се прават пресеци, слајдови и анимации и др. Најпознати програми за проектирање со помош на компјутер се: Auto CAD, Auto Sketch, Design CAD, Perspective 3D, Lab VIEW и други.