1.компј. управувач, контролер. Печатена картичка вметната во слотовите за проширување или директно прилепена на тврдиот диск. Го контролира пристапот на процесорот до тврдиот диск или флопи дискетата. За воспоставување комуникација меѓу дискот и централната процесна единица, денес контролерите ги користат стандардите ЅТ-506, ЅТ-412, ESDI, SCSI, PCI, VESA, додека за читање и запишување на податоци, се користат методите ARLL, MFM, RLL. Види advanced run-length limited, enhanced system device interface, expansion slot modified frequency modulation, run-length limited, small computer system interface.