Речник /  Конвертор

cursor keys

1.компј. тастери за движење на курсорот. Тастерите за движење на курсорот обележени со стрелки. Со нив го помрднуваме курсорот за едно место во правец на стрелката. Доколку тастерот го држиме притиснат, курсорот ќе продолжи да се движи се додека не го отпуштиме. Се наоѓаат на нумеричкиот дел од тастатурата, а повеќето тастатури се снабдени и со дополнителни тастери со стрелки за движење на курсорот. Некои софтверски пакети ги користат и тастерите End, Home, PgUp, PgDn, Shift-Tab и Tab, за движење на курсорот. Види cursor.