Речник /  Конвертор

desktop

1.компј. работен простор. Кај програмите со графички кориснички интерфејс, изгледот на екранот врз кој се прикажуваат расположливите можности на програмот. Во работниот простор се изведуваат прозорци, рамки за дијалог и икони кои претставуваат програми, фајлови или други ресурси што на корисникот му се нудат. Покрај тоа што можат да се извршуваат, отвораат и затвораат, иконите и прозорците можат да се преместуваат на ист начин како што можеме да ги преместуваме. предметите на нашата работна маса. Оттука и името desktop (буквално - горната (работна) површина од работната маса).
зборови со слично значење:

desktop computer

1.компј. десктоп компјутер. Персонален компјутер кај кој куќиштето во кое се сместени матичната плоча, дисковите и напојувањето, е така проектирано што може да се постави хоризонтално на работна маса. Спореди: tower case. Види case.

desktop publishing (DTP)

1.компј. персонално издателство. Користење на персонален компјутер опремен со соодветна софтверска поддршка за внесување, уредување, креирање и обработка на графички форми и нивно инкорпорирање со текст и, на крај, отпечатување на подготвените страници на ласерски принтери со резолуција на испис што ги задоволува и најстрогите барања на типографската технологија. Исписот може да биде на паус или транспарентна филмска фолија. За да се добие испис со појасни контури, се препорачува тој да биде инверзен. Најпознати пакети за персонално издателство се: Corel Ventura, PageMaker, Page Plus, Xy Write и други.

desktop publishing programs, DTP

1.програми за компјутеризирано издателство

desktop video-conferencing

1.компј. десктоп видео конференции. Технологија што овозможува одржување на деловни и други состаноци на кои учесниците меѓусебно комуницираат со помош на оддалечени компјутерски системи.

desktoppubl

1.столно издаваштво