1.компј. конкуренција. Кај Мајкрософт виндоус (Microsoft Windows), метод на работа што овозможува едновремено извршување на неколку програми. Доколку две апликации се обидат истовремено да пристапат кон еден ист периферен уред, програмот дава предност на еден од нив и спречува да дојде до колизија.