1.компј. независност од уред. За програмите, оперативните системи или програмските јазици се вели дека се независни доколку можат да работат на компјутерски системи и периферни уреди со различни електромеханички спецификации и можности. Најочигледен пример за независност на софтверот гледаме кај оперативниот систем Јуникс (UNIX) и постскрипт јазикот за дефинирање на страници. Види device dependence, PostScript.