1.компј. диск оперативен систем. Системски софтвер неопходен заработа на компјутерот. На процесорот му овозможува да ги контролира влезно-излезните операции, периферните уреди, присутните ресурси во системот и да комуницира со програмите што се изведуваат. Оперативните системи што поддржуваат мултипроцесорска и мултипрограмска обработка, се грижат за распределба на времето на централниот процесор меѓу различни процеси. Најраспространети оперативни системи за персонални компјутери се MS-DOS/PC-DOS и OS/2 за IBM РС компатибилните компјутери и System, за Макинтош персоналните компјутери. За работа на компјутерите во мрежа, нај познати мрежни оперативни системи се: Microsoft LAN Server, Novell NetWare, IBM LAN Server, LANtastic, SunOS, Apple EtherTalk, Apple LocalTalk, а овде може да се наведе и мрежниот сервер Windows NT (New Technology), Windows '95 и други.