1.компј. електронска пошта. Користење на можностите на електронските комуникации за испраќање и размена на пораки, податоци и фајлови меѓу корисниците во мрежата. Електронската пошта може да работи во режим еден-кон-еден - еден корисник испраќа порака кон друг) или еден-кон-сите (еден корисник испраќа порака кон сите корисници на мрежата). За испраќање на електронска пошта во локална мрежа најпознати софтверски пакети се: Microsoft Mail, Lotus Notes, QuickMail, Da Vinci Mail и други.