1.компј. обработка на грешки. Начин на кој апликацијата се снаоѓа во случај на грешка предизвикана, на пример, од погрешно дадена команда или погрешно притиснат тастер. При пишување на програми, програмерите се трудат да ги предвидат можните грешки и врз основа на таа проценка, даваат дополнителни информации на корисникот како да постапи.