1.компј. систем толерантен на грешки Систем каде сите хардверски и софтверски компоненти и податоци се удвоени и во случај на откажување на некоја компонента, системите што вршат надзор ја откриваат грешката и, ако не можат да ја отстранат, работата ја префрлаат на резервниот систем. Оваа карактеристика треба да ја поседуваат серверите во една компјутерска мрежа со што се обезбедува конзистентност, сигурност и егзактност на податоците што се обработуваат во неа.