Речник /  Конвертор

graphics file format

1.компј. формат на графички фајл. Во еден графички ориентиран програм, начин на кој графичките форми се организирани и запишани на дискот. Постојат многу различни и меѓусебно некопатибилни формати на графички фајлови. Во Макинтош околина, се користи стандардниот формат PICT запишан во РОМ-меморијата на Макинтош. За скенирани прикази, Макинтош платформите користат и TIFF (tagged image file format), а за отпечатување на постскрипт принтери, EPS (Encapsulated PostScript). Bo IBM PC компатибилните окружувања, многу програми успешно ги распознаваат форматите TIFF и EPS. Постојат и посебни програми за префрлање на фајлови од еден во друг графички формат. Најпознати се: Alchemy, Graphics Workshop for Windows, Graphics Work и други.