Речник /  Конвертор

hard return

1.компј. произволен крај на ред. Рачно вметнат код за крај на ред со притискање на тастерот Enter. Останува во сила дури и кога пред него внесуваме или бришеме текст. Се внесува на крајот од пасуси и служи за нивно меѓусебно изделување. Постои и soft return (буквално - мек крај на ред), кој самиот програм го вметнува кога ќе се отчукаат повеќе букви одошто е предвидено во еден ред. Затоа при работа со компјутер не е пожелно на крајот од редот да се притиска тастерот enter (освен ако не сакате да го завршите пасусот односно, текстот). Види Enter/Return key.