Речник /  Конвертор

head crash

1.компј. паѓање на главата. Непланиран и најчесто со катастрофални последици контакт на главата за читање/запишување со површината на тврдиот диск. При ваков пад на главата доаѓа до уништување на патеката и губење на сите податоци складирани на дискот. Се јавува поради присуство на прашина во херметички затворската кутија или при транспорт на системот.. Копирајте ја содржината на дискот во редовни интервали за да имате резервна копија. Види и hard disk, park, read/write head.