1.компј. недозволен знак. Знак кој не може да се употреби во соодветниот оперативен систем, апликација или програмски јазик. Во МС-ДОС, на пример, во името на фајлот не може да се вметне ѕвездичка (*) бидејќи овој знак се користи како џокерски знак (wild card) за избирање на групи од фајлови. Види reserved words, wild card.