1.компј. изгубен кластер. Кластер што оперативниот систем го обележил како да е во употреба, но во FAT табелата нема податок за негово поврзување со одреден фајл. Губење на кластери најчесто се случува кога доаѓа до прекин во напојувањето со електрична енергија во текот на запишување на некој фајл. Кај оперативниот систем МС-ДОС, изгубените кластери можат да се повратат со командата CHKDSK. Види file allocation table (FAT).