1.компј. мејлмерџ, поштенско слевање. Кај програмите за обработка на текст, процес на пишување на (циркуларни) писма со спојување на фајлови. Еден фајл. содржи текст идентичен за сите писма, додека другиот фајл претставува мала база на податоци со имиња, адреси и други податоци кои на одредено место се вметнуваат во првиот фајл. На овој начин за кратко време може да се испрати огромен број писма. Види merge.