1.модем
2.компј. модем. Периферен уред за размена на податоци меѓу два оддалечени компјутери преку телефонска мрежа. Модемот го модулира (modulate) дигиталниот сигнал генериран од серискиот порт на компјутерот за да може да се пренесува преку аналогна телефонска линија, а на другиот крај, примениот сигнал го демодулира (demodulate), и.е. го враќа повторно во дигитален. Модемите можат да бидат внатрешни (internal) и надворешни (external). Внатрешните модеми се директно вградени во компјутерот, додека надворешните се поврзани со компјутерот преку сериски или паралелен приклучок. Брзината на пренос се движи од 1200, па над 28800 бита во секунда. Името модем претставува кратенка од MOdulate/DEModulate. Види parallel port, serial port.
3.преносник на сигнали