Речник /  Конвертор

put in

1.phr.v. 1. put sb in a) вработува некого, б) избира (кандидат/партија).
2. вложува, поднесува (приговор/жалба); put in a claim for damages поднесува барање за оштета; put in a request for sth поднесува барање за нешто.
3. вметнува (збор/параграф); вклучува (податок/информација): Have you put in why you're not going? Наведе ли зошто не одиш?
4. дофрла (забелешка); (се) уфрла (во разговор).
5. put sth in/into sth/doing sth вложува (труд/работа/време) во нешто: I've put a lot of time in it Вложив многу време на тоа; They put in at least 40 hours a week Тие работат најмалку 40 часови неделно.
6. дава, вложува (пари): We've put all our savings in that house Сета наша заштеда ја вложивме во куќата.
7. (исто и put into) (бродот) впловува (во пристаниште)