1.компј. програм за табеларни пресметувања. Апликативен програм кој на екран прикажува табела што потсетува на лист од книговодствена книга. Хоризонталните редови се обележени со броеви, додека вертикалните колони со букви. Пресекот на редовите и колоните формира ќелии (cells). Секоја ќелија има сопствена адреса - на пример, А4, МЗ - и може да содржи бројна вредност, скриена формула по која се пресметуваат вредностите или појаснителен текст. Вака организирана табела ни овозможува брзо ажурирање на сите резултати после секоја измена во некоја од ќелиите. Најпознати програми за табеларни пресметувања се: Exell, Lotus 1-2-3, Multiplan, QuattroPro, Plan Perfect, Supercalc и други.