1.компј. џокер(ски) знак. Знак што заменува друг произволен знак кој може да се појави на истото место во низата од знаци. Во МС-ДОС оперативниот систем како џокерски знак се користи ѕвездичка (*) и прашалник (?). Ѕвездичката заменува еден или повеќе знаци, додека прашалникот само еден.