Речник /  Конвертор

Windows

1.компј. '95 види Microsoft Windows
зборови со слично значење:
именки (синоними):

Windows application

1.компј. Виндоус апликација. Кориснички програмски пакет конструиран да работи во околината на услужниот програм - некои го нарекуваат оперативен систем - Мајкрософт виндоус (Microsoft Windows) и да ги користи неговите можности; динамичка размена на податоци меѓу апликациите, plug and play можностите (вклучи и играј си), режим на многузадачна и многупроцесна работа, голем избор на различни фонтови и др. Види multitasking, multithreading, plug and play.

Windows metafile format (WMF)

1.компј. Векторски објектно ориентиран графички формат на фајл во Мајкрософт виндоус (Microsoft Windows). Можат да ги користат сите апликации што поддржуваат објектно-ориентирана графика. Види file format.