Речник /  Конвертор

computer

1.n. компјутер
2.компјутер
3.компј. компјутер. Електронски уред способен да обавува најразлични задачи неограничен број пати со огромна брзина и без грешка и на најразличен начин да памти и обработува огромен број податоци.

computer addiction

1.компј. зависност од компјутери. Болест што зема се поголеми размери. Се манифестира со прекумерно и честопати бескорисно трошење часови и часови покрај компјутерот со единствена цел - да се запознаат сите можности на компјутерот, да се инсталираат што поголем број програми и да се научат нивните можности. Иако целото свое време го поминуваат со компјутерот и ги запоставуваат сите други работи во животот, зависниците од компјутери, многу ретко го користат компјутерот како алатка за извршување на конкретни задачи.

computer conferencing

1.компј. компјутерско конферирање. Во мрежно поврзување и модемски комуникации, метод на работа што на корисниците им овозможува меѓусебна размена на информации и водење полемички расправии од. најразличните области. Види desktop video-conferencing.

computer graphics metafile (CGM)

1.компј. графички метафајл Стандарден формат на фајл за запишување на објектно ориентирани графички форми. Овој стандард е машински независен и овозможува размена на графика меѓу корисници што работат со различни компјутерски системи и различни софтверски пакети.

computer instruction code

1.компј. види machine language computer language види programming language computer program види program computer virus види virus CON конзола. Кај оперативните системи МС-ДОС, ОС/2 и Јуникс (UNIX), термин што се однесува на влезно/излезните уреди тастатура и видеодисплеј. Види keyboard, video display.

computer system

1.компјутерски систем

computer-aided design (CAD)

1.компј. проектирање со помош на компјутер. Примена на компјутер со соодветен софтвер за изработка на проекти и разни технички цртежи во архитектурата, градежништвото, машинството, електрониката и други области. Софтверот нуди можност проектите и нацртите да се прикажуваат во три димензии, во најразлични размери и бои, да се прават пресеци, слајдови и анимации и др. Најпознати програми за проектирање со помош на компјутер се: Auto CAD, Auto Sketch, Design CAD, Perspective 3D, Lab VIEW и други.

computer-aided design and drafting (CADD)

1.компј. проектирање и цртање со помош на компјутер. Види computer-aided design.

computer-aided manufacturing (CAM)

1.компј. производство со помош на компјутер. Примена на компјутери во производствените процеси и управување со производните системи.

computer-assisted instruction (CAI)

1.компј. подучување со помош на компјутер. Примена на соодветен компјутерски хардвер и софтвер што користи текст, графика и звук како помошно нагледно средство во наставата на сите нивоа на учење.

computer-based training

1.компј. обука со помош на компјутер Примена на можностите на компјутерот во совладување на најразни вештини.

computerized information system

1.компјутеризиран информациски систем