Речник /  Конвертор

device

1.компј. уред. Општ термин за сите периферни единици способни да примаат од и испраќаат податоци до централниот процесор. Тука спаѓаат: глувче, трекбол, монитор, светлосно перо, пак, стилус, тастатурата, принтер, плотер, дигитализатор, табла за дигитализација, скенер и др. Види central processing unit, peripheral (device).
2.средство, инструмент

device contention

1.компј. конкуренција. Кај Мајкрософт виндоус (Microsoft Windows), метод на работа што овозможува едновремено извршување на неколку програми. Доколку две апликации се обидат истовремено да пристапат кон еден ист периферен уред, програмот дава предност на еден од нив и спречува да дојде до колизија.

device dependence

1.компј. зависност од уред. За програмите, оперативните системи или програмските јазици се вели дека се зависни доколку можат да работат само со одреден тип на компјутерски системи и периферни уреди. Види device independence, PostScript, UNIX.

device driver

1.компј. види driver

device independence

1.компј. независност од уред. За програмите, оперативните системи или програмските јазици се вели дека се независни доколку можат да работат на компјутерски системи и периферни уреди со различни електромеханички спецификации и можности. Најочигледен пример за независност на софтверот гледаме кај оперативниот систем Јуникс (UNIX) и постскрипт јазикот за дефинирање на страници. Види device dependence, PostScript.

device name

1.компј. име на уред. Кај оперативниот систем МС-ДОС, име (најчесто кратенка - LPT, СОМ) на периферен уред. Оперативниот систем го чита името на уредот, а потоа го претвора во физичка адреса. Види СОМ, device, LPT.