1.компј. скенер. Периферен уред за конверзија на графика (слики, цртежи, скици, графикони) и текст во електрични импулси. Со други зборови, скенерот визуелните сигнали ги дигитализира и претвора во дигитален формат и ги испраќа до компјутерот. Дигиталните сигнали можеме директно да ги внесеме во апликативен програм или пак да ги снимиме во посебна датотека за понатамошна употреба. Покрај слики и графика, скенерот се користи и за брзо внесување на текст во пишуван формат. За таа цел се развива посебен софтвер за оптичко препознавање на знаци (optical character recognition (OCR). Види optical character recognition.