Речник /  Конвертор

disk

1.круг
2.дискета
3.компј. диск, дискета. Уред за запишување, чување и понатамошно користење на податоци со директен пристап. Види direct-access storage device, floppy disk, hard disk.

disk buffer

1.компј. види disk cashe

disk capacity

1.компј. капацитет на диск(ета). Количество податоци измерени во килобајти или мегабајти што може да се смести на еден диск или дискета. Денес капацитетот на тврдите дискови се движи од стотина мегабајти до неколку гигабајти, флопи дискетите од 5,25 инчи се со неизменет капацитет од 1.2 МБ додека капацитетот на 3,5 инчните дискета се движи од 720 КБ до неколку мегабајти. Види density, kilobyte, megabyte.

disk cashe

1.компј. диск кеш. Дел од РАМ меморијата специјално резервирана за чување на често користени податоци или програмски команди. Бидејќи времето на читање и запишување податоци во РАМ меморијата е многу побрзо отколку на тврдиот диск, кешот значително ја забрзува работата на централниот процесор. Види cashe, central processing unit, RAM cashe, random-access memory.

disk crash

1.n. comput. пад на главата (кај хард диск)

disk drive

1.дискетна единица
2.компј. диск драјв, погон. Уред кој овозможува пристап (со можност за пребарување, читање и запишување на податоци) до податоци запишани. на диск или дискета. Види floppy disk, hard disk. disk drive controller види controller

disk file

1.компј. види file

disk operating system

1.компј. диск оперативен систем. Системски софтвер неопходен заработа на компјутерот. На процесорот му овозможува да ги контролира влезно-излезните операции, периферните уреди, присутните ресурси во системот и да комуницира со програмите што се изведуваат. Оперативните системи што поддржуваат мултипроцесорска и мултипрограмска обработка, се грижат за распределба на времето на централниот процесор меѓу различни процеси. Најраспространети оперативни системи за персонални компјутери се MS-DOS/PC-DOS и OS/2 за IBM РС компатибилните компјутери и System, за Макинтош персоналните компјутери. За работа на компјутерите во мрежа, нај познати мрежни оперативни системи се: Microsoft LAN Server, Novell NetWare, IBM LAN Server, LANtastic, SunOS, Apple EtherTalk, Apple LocalTalk, а овде може да се наведе и мрежниот сервер Windows NT (New Technology), Windows '95 и други.

disk optimization

1.компј. види defragmentation

disk, disc

1.диск

diskette

1.компј. дискета Види floppy disk.
зборови со слично значење:

diskless workstation

1.компј. работна станица без диск. Во мрежно поврзување, работна станица што не располага со сопствен диск или дискови.

diskrimination

1.n. дискриминација