Речник /  Конвертор

network

1.n. мрежа; /2/ мрежа (на железнички линии, канали и сл.)
2.мрежа
3.компј. мрежа. Систем од меѓусебно (физички) поврзани компјутерски системи со цел размена на податоци и користење на заеднички ресурси. Според големината и опсегот, разликуваме локални (local area networks), и глобални (wide area networks). Види local area network (LAN), wide area network (WAN).
4.мрежа (систем)
зборови со слично значење:

network administrator

1.компј. мрежен администратор. Лице кое раководи со работата и одржувањето на една мрежа.

network architecture

1.компј. мрежна архитектура. Хардверот, софтверот, начинот и стандардите применети при сврзување ја дефинираат архитектурата на една компјутерска мрежа. Види topology.

network basic input/output system (NetBIOS)

1.компј. основен мрежен влезно-излезен систем. Кај оперативниот систем МС-ДОС 3.1 и поновите верзии, системски програм со кој се утврдуваат основните стандарди за поврзување на персонални компјутери во мрежа.

network interface

1.компј. мрежен интерфејс. Адаптер што ни овозможува компјутерот да го вклучиме директно во мрежа.

network operating system (NOS)

1.компј. мрежен оперативен систем. Мрежен оперативен систем кој управува со хардверските компоненти во една мрежа.

network planning

1.мрежно планирање

network protocol

1.компј. мрежен протокол. Множество од стандарди за управување со пристапот на. работните станици кон мрежата што треба да спречат да дојде до колизија.

network server

1.компј. мрежен сервер Види file server.

network topology

1.компј. види topology

network TV

1.n. национална телевизиска мрежа

networked application

1.компј. мрежна апликација. Кориснички програм наменет за работа во мрежа.