1.компј. компјутер со редуциран број на инструкции. Микропроцесор кај кој бројот на инструкции што може да ги разбере и изврши е редуциран. CISC процесорите распознаваат и можат да извршат повеќе од двестотини инструкции со што значително се успорува обработката. Од друга страна, пак, кај RISC процесорот бројот на инструкции е сведен на неопходниот минимум со што брзината на обработка се зголемува од 50 до 75 проценти. Бидејќи се поедноставни, RISC процесорите се полесни за конструирање и поевтини, но затоа пак софтверот што го користат е многу посложен и поскап од софтверот за CISC базираните компјутери заради потребата една задача да се изврши со повеќе поедноставни наредби. Спореди: complex instruction set computer.